Осомничениот напаѓач е во притвор откако се предал на полицијата, пренесе АП.
Пукањето се случило доцна синоќа, а меѓу повредените има и дете. Полицијата првично извести дека двајца мажи загинале на самото место, но бројот на жртвите денеска се искачи на четири, откако уште две лица починале во болница.
Истрагата ја води специјална единица на Јужноафриканската полициска служба, задолжена за политички мотивирани убиства.
Според извештаите на локалните медиуми, некои од жртвите биле членови на младинското крило на Африканскиот национален конгрес (АНЦ), најголемата партија во јужноафриканскиот парламент. Комеморацијата била одржана за локален лидер на АНЦ, кој бил убиен претходно овој месец во напад за кој постои сомневање дека бил политички мотивиран. Полицијата не го потврди идентитетот на жртвите, туку само наведе дека тие присуствувале на комеморација за „член на политичка партија“.
Во Јужна Африка се забележани високи стапки на криминал со употреба на огнено оружје, вклучително и пукања поврзани со локални политички ривалства.
Извор: Б92
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата