logo
logo
logo

Мајка си ги задавила трите мали деца со трака за вежбање, таткото се уште живее со неа

Vecer | 15.10.2024

Мајка си ги задавила трите мали деца со трака за вежбање, таткото се уште живее со неа

Мајката, на која сè уште не и е судено за делото што го направила, вели дека доживеала психотичен напад како дел од постпородилна депресија и не била свесна што прави, објави Метро.

На 24 јануари 2023 година, Линси ги задавила петгодишната Кора, тригодишниот Досон и седуммесечното бебе Калан, пред да скокне од прозорец на вториот кат. Сепак, жената го преживеала падот.

Патрик Кленси, таткото на убиените деца, по речиси две години ѝ се обрати на јавноста и рече дека се уште живее за Линдзи бидејќи знае дека таа „не била свесна што прави“.

Тој за прв пат проговори веднаш по злосторството и рече дека „вистинската Линдзи е длабоко грижлива мајка и сака таа да најде мир“.

Двојката ја продала куќата во Даксбери, Масачусетс, каде тој и Линдзи живееле со нивните деца, и купиле стан во Њујорк.

„Нема веќе куќа, нема деца, останавме само двајцата. Не бев во брак со чудовиште, туку со некој што е болен“, рекол Патрик.

Иако тој јавно и простил на Линдзи за убиството на нивните деца, на жената допрва треба да ѝ се суди, а адвокатите имаат план да ја бранат врз основа на нејзиното лудило.

„Ѝ недостигаат децата, знам дека е лудост, но тоа е реалноста“, рекол сопругот и додал дека нивниот стан во Њујорк е полн со слики од децата.

Судењето на Линдзи ќе продолжи кон крајот на оваа или почетокот на следната година, а во преден план ќе биде битката на Линдзи со постпородилната депресија која траела подолг временски период.

Обвинителите наведуваат дека мајката детално го планирала убиството на нејзините деца и дека го замолила нејзиниот сопруг да ги заврши домашните работи додека таа го извршува злосторството.

Тој кобен ден, Патрик работел од својата домашна канцеларија и излегол надвор во продавницата, а кога се вратил во куќата првото нешто што го забележал е необична тишина.

„Кога погледнав внатре, забележав крв на подот пред огледалото и отворен прозорец. Веднаш истрчав по скалите и видов жена на земја во задниот двор“, рече тој.

Жената била свесна, со исеченици на зглобовите и вратот, а кога ја прашал каде се децата, таа јасно одговорила: „Во подрумот“, додаде тој.

Истрчал во подрумот и ги затекнал децата во безживотна состојба, задавени со лента за вежбање, по што се слушнал вресок кој траел многу долго и викал: „Таа ги уби децата“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk