Влегле во куќата на осомничениот и ги пребарале сите соби, но немало трага од него. Било јасно дека некаде се крие, па почнале да го бараат на „најневеројатните места“.
Епилогот го снимиле на камера, јавно го објавија и мора да признаеме дека е урнебесен. Имено, бараниот Британец се криел, ни помалку ни повеќе, туку во каучот.
Кога превртеле парче мебел, забележале вдлабнатина, а човекот во долна облека се свиткал - со надеж дека никој нема да го забележи, пренесува LadBible.
„Видовме секакви работи, но ова е прв пат. По детален претрес, осомничениот бил пронајден како се крие во дното на каучот“, соопштија надлежните.
Полицајците го заматија видеото за да го заштитат идентитетот на уапсениот. Тој е задржан во притвор, додека деталите за акцијата не се соопштуваат од „оперативни причини“.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата