Курц не сака да прима нови бегалци од Авганистан

Vecer | 22.08.2021

Курц не сака да прима нови бегалци од Авганистан
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Австрискиот канцелар Себастијан Курц вели дека не сака да прима нови бегалци од Авганистан и покрај тоа што земјата ја презедоа Талибанците.

„Не мислам дека треба да примиме повеќе луѓе во Австралија, туку спротивното“, изјави Курц во интервју за австриска телевизија.

Во Австрија веќе има 40 илјади Авганистанци, што е втора најголема авганистанска заедница во ЕУ според бројот на популацијата во земјата.

Курц постојано ја отфрла можноста да прими уште Авганистанци.

„Нема да има такво нешто додека јас сум канцелар“, вели Курц и додава дека тие имаат проблем да се интегрираат во австриското општество.

„Примањето луѓе кои не можат да се интегрираат е огромен проблем за нас како земја“, рече австрискиот канцелар.

Курц е свесен дека Талибанците се сурови и дека условите за живот во Авганистан се ужасни, но вели дека меѓународната заедница треба да направи сè што може да ја подобри ситуацијата во земјата. Но, признава тој, тоа не зависи многу од Австрија, и ги повика соседните земји како Туркменистан и Узбекистан да му помогнат на Авганистан.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk