logo
logo
logo

Трамп ќе биде најстариот претседател во историјата на САД на денот кога ќе полага заклетва

Vecer | 06.11.2024

Трамп ќе биде најстариот претседател во историјата на САД на денот кога ќе полага заклетва

Кога ќе положи заклетва, по правило, на 20 јануари 2025 година ќе има 78 години и 220 дена.

Интересно е што актуелен рекордер е неговиот наследник и претходник Џо Бајден - тој на 20 јануари 2021 година имаше 78 години и 61 ден - и што го собори самиот рекорд што Трамп веќе го држеше кога положи заклетва на 70 години и 220 дена.

Додуша, Трамп во моментот на доаѓање на власт го држеше рекордот само кога станува збор за возраста, бидејќи во моментот на напуштање на Белата куќа, Роналд Реган имаше 77 години. Тој рекорд го собори прво Бајден, а сега и Трамп.

Третиот најстар во времето на полагањето заклетва е Роналд Реган, кој стана претседател во 1981 година на возраст од 69 години и 349 дена.

Најмладиот претседател бил Теодор Рузвелт во 1858 година на 42-годишна возраст, малку постар од него бил Џон Ф. Кенеди со 43. Трет најмлад претседател бил Бил Клинтон со 46 години и 154 дена.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk