logo
logo
logo

Канада назначи прва жена, командант на вооружените сили

Vecer | 03.07.2024

Канада назначи прва жена, командант на вооружените сили

Генерал-полковник Џени Карињан ќе ја преземе функцијата началник на Генералштабот на 18 јули, а сега има задача да го елиминира сексизмот и недоличното однесување од војската.

Првично како инженерски офицер, Карињан командуваше со силите во Авганистан, Босна и Херцеговина, Ирак и Сирија во нејзината 35-годишна кариера.

Таа пристигнува на чело на војската во време кога Канада е под притисок на сојузниците да го зголеми воениот буџет. Канадската војска има проблеми со регрутирање војници и замена на дотраената опрема.

Трудо, познат феминист, ја презеде функцијата во 2015 година и оттогаш спроведува политики насочени кон зајакнување на родовата еднаквост. Во 2018 година, тој ја назначи првата жена началник на полицијата, како и последните две жени генерални гувернери, претставници на британската монархија во Канада.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk