logo
logo
logo

Израелците објавија снимка од насилство врз луѓе од Газа од членови на Хамас зашто земале храна

Vecer | 05.07.2024

Израелците објавија снимка од насилство врз луѓе од Газа од членови на Хамас зашто земале храна

Ги тепаат затоа што украле храна од складиште за хуманитарна помош, изјави на социјалната мрежа Х Авичај Адрае, шеф на одделот за арапски медиуми на израелската армија (ИДФ), објави Тајмс оф Израел.

На видеото се гледа како членовите на Хамас тепаат цивили од Газа и со зелена боја со спреј на грбот им го пишуваат зборот „крадец“. Во исто време, членовите на Хамас носат маски на главите кои им го покриваат лицето, а може да се видат како со стапови удираат врзани цивили додека нивните очи се покриени со ткаенина.

Се слушаат цивилите како стенкаат и врескаат од болка.

„Дали знаете кои се овие маскирани луѓе? Кои се нивните жртви? Маскираните човечки чудовишта се дел од Хамас, а жртвите се невини млади луѓе“, напиша Адраи на платформата X.

Тој додаде дека овие млади момчиња се обиделе да им ја вратат храната што им ја украл Хамас и тоа го направиле бидејќи биле гладни.

Тој додава дека жителите на Газа со години се жртви на тероризмот на Хамас.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk