logo
logo
logo

Се менува името на аеродромот во Милано – ќе се вика „Силвио Берлускони“

Vecer | 05.07.2024

Се менува името на аеродромот во Милано – ќе се вика „Силвио Берлускони“

Силвио Берлускони, кој почина минатата година на 86-годишна возраст, водеше четири влади на чело на неговата централно-десничарска партија Форца Италија и беше една од најконтроверзните личности во современа Италија, пренесува Ројтерс.

Говорејќи на конференција во јужна Италија, Салвини рече дека цивилната авијација го одобрила барањето на регионот Ломбардија во Милано да го преименува аеродромот Малпенса во чест на Берлускони, кој потекнува од финансискиот главен град на земјата.

„Со оглед на тоа дека конечната одлука е на министерот за транспорт, навистина мислам дека ќе биде усвоена“, изјави Матео Салвини, лидер на десничарската партија Лига и долгогодишен сојузник на Берлускони.

„Во спомен на мојот пријател Силвио, голем бизнисмен, голем миланец и голем Италијанец“, објави Салвини подоцна на социјалната мрежа Х над фотографијата од Берлускони и аеродромот Малпенса.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk