logo
logo
logo

Ишингер: Исходот од војната во Украина ќе ја одреди судбината на Европа

Vecer | 07.02.2026

Ишингер: Исходот од војната во Украина ќе ја одреди судбината на Европа

„Додека Украина ја брани Европа, заканата не е толку голема“, рече дипломатот во интервју објавено денес од „Тагесшпигел“.

Ова значи дека армиите на рускиот претседател Владимир Путин во моментов се приковани таму и „тој губи илјадници војници неделно“.

Штом ќе се случи прекин на огнот во Украина, ситуацијата ќе се промени, забележа Ишингер една недела пред 62-то издание на меѓународната Минхенска безбедносна конференција, која секоја година се одржува во главниот град на Баварија.

„Путин потоа може да продолжи со своето вооружување и заканата за источното крило на НАТО ќе се зголеми“, рече Ишингер.

Но, без оглед на тоа, германскиот експерт нагласи дека најважно е крвопролевањето во Украина да заврши што е можно поскоро.

„Нема ништо повеќе што би го посакал за народот на Украина. Но, руската закана за нас Германците ќе се зголеми доколку евентуалното примирје не биде придружено со значително намалување на (воениот потенцијал) акумулиран во западните воени области на Русија“, рече Ишингер.

Сепак, ова веројатно нема да се случи. „И токму затоа не можеме да седиме и да се опуштиме само затоа што има примирје“, додаде тој.

Исходот од војната во Украина е „прашање пар екслеанс (par excellence), кое влијае на судбината на Германија и Европа“, смета Ишингер, кој нагласи дека Киев денес ја брани цела Европа, а не само своите територии.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk