logo
logo
logo

Ирански медиуми јавуваат за оштетени болници и аеродром во Техеран

Vecer | 07.03.2026

Ирански медиуми јавуваат за оштетени болници и аеродром во Техеран

Според државната телевизија, медицинскиот центар „Рази“ во градот Ахваз и болницата „Имам Али“ во Андимешк биле сериозно оштетени од ударните бранови од експлозиите во нивна близина.

Државниот радиодифузер објави и дека во нападите цел на напад бил и домашниот аеродром „Мехрабад“ во западниот дел на Техеран. Објавени снимки покажуваат пожари на аеродромот.

Овие информации засега не можат независно да бидат потврдени, посочува ДПА.

Прекините во функционирањето на домашниот аеродром во Техеран беа меѓу причините поради кои претходно неделава беше одложен погребот на врховниот лидер ајатолах Али Хамнеи, кој беше убиен пред една недела.

Хамнеи треба да биде погребан во мавзолејот „Имам Реза“ во неговиот роден град Машхад. Светилиштето во североисточниот дел на Иран претставува едно од најсветите места за шиитските муслимани.

Патувањето од Техеран до Машхад, оддалечен околу 900 километри, трае приближно 10 часа со автомобил. Рутите се добро познати, а возилата потенцијално би можеле да бидат цел на израелски или американски напади.

Иранските медиуми, исто така, јавија дека во текот на ноќта биле погодени и воени објекти во Техеран, како и во централните, западните и северозападните делови на земјата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk