logo
logo
logo

Илон Маск реагира на одлуката на Европскиот суд за човекови права за Георгеску

Vecer | 07.03.2025

Илон Маск реагира на одлуката на Европскиот суд за човекови права за Георгеску

 Американскиот милијардер Илон Маск, кој е дел од администрацијата на претседателот на САД Доналд Трамп, реагираше на платформата Икс на одлуката на Европскиот суд за човекови права да ја отфрли жалбата на романскиот крајнодесничарски политичар Калин Георгеску во врска со поништувањето на изборните резултати.

Маск веќе неколку месеци се вмешува во европската политика, а особено во романската, преку објави во поддршка на Георгеску кој победи во првиот круг на анулираните претседателски избори во Романија минатата година. 

По одлуката на Европскиот суд, Маск сподели објава со дезинформации од конзервативниот инфлуенсер Марио Ноуфол, коментирајќи: „Каков е овој суд и како тие може да ги поништат изборите?“

Инаку, Уставниот суд на Романија ги поништи резултатите од првиот круг на претседателските избори. Во првиот круг изненадувачки победи Калин Георгеску, малку познат краен десничар и поддржувач на Владимир Путин, кој речиси целата своја кампања ја водеше на ТикТок. Одлуката на Уставниот суд дојде откако беа откриени доверливи разузнавачки документи кои сугерираат дека Георгеску профитирал од масовно странско влијание врз изборите.

„Одлуката за поништување беше единственото правилно решение по објавувањето на документите кои покажуваат дека резултатот на гласањето на Романците бил грубо искривен со интервенција на Русија“, изјави тогаш премиерот Марцел Чолаку. /МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk