logo
logo
logo

Познат е новиот датум на преговорите маѓу САД и Русија- дали сега ќе биде постигнат договор?

Vecer | 20.03.2025

Познат е новиот датум на преговорите маѓу САД и Русија- дали сега ќе биде постигнат договор?

Ушаков рече дека разговарал со советникот за национална безбедност на американскиот претседател Доналд Трамп, Мајк Волц, за „спроведувањето на добро позната иницијатива во врска со безбедноста на пловидбата во Црното Море“.

Претседателите на Русија и на САД, Владимир Путин и Доналд Трамп, разговараа телефонски на 18 март 2025 година.

Да потсетиме, американскиот претседател Доналд Трамп имаше, како што рече, „многу добар“ едночасовен телефонски разговор со неговиот украински колега Володимир Зеленски, еден ден по неговиот разговор со рускиот претседател Владимир Путин.

Пишувајќи на својот профил на Твитер, Трамп рече дека целта на повикот е да се усогласат Украина и Русија „по нивните барања и потреби“, додавајќи дека напорите за постигнување прекин на огнот се на вистинскиот пат.

Зеленски го опиша неговиот разговор со Трамп како „позитивен“, „искрен“ и „многу суштински“.

„Веруваме дека заедно со Америка, со претседателот Трамп и под американско раководство, оваа година може да се постигне траен мир“, напиша тој на платформата X.

Зборувајќи за време на онлајн брифингот во средата, Зеленски рече дека тој и Трамп разговарале за можното преземање на нуклеарната централа Запорожје од страна на САД, која е под руска контрола.

Зеленски признава дека на најголемата европска нуклеарна централа, лоцирана на линијата на фронтот, може да ѝ требаат повеќе од две години да се рестартира, но ја нагласува нејзината витална важност за Украинците и Европејците.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk