logo
logo
logo

Мелони бара поголема мобилизација на приватниот капитал за одбраната

Vecer | 20.03.2025

Мелони бара поголема мобилизација на приватниот капитал за одбраната

Како што соопшти Кабинетот на Мелони, на средбата одржана пред денешниот Самит на ЕУ, италијанската премиерка ја истакнала потребата од мобилизирање на приватниот капитал и обезбедување на „вистинско заедничко финансирање“ на одбраната, со цел дополнителните одбранбени трошоци да не влијаат на висината на националниот долг на земјите членки. 

Во пресрет на Самитот, Мелони изрази резерви кон планот на Европската комисија за зголемено финансирање на одбраната, посочувајќи дека тој не е доволен, затоа што главно се заснова на користење средства од државните буџети, нагласувајќи дека Италија „нема фискален простор“ за нешто такво. /МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk