logo
logo
logo

Први снимки од болницата во САД, каде што имало пукотница- вработените забарикадирани (ВИДЕО)

Vecer | 20.03.2025

Први снимки од болницата во САД, каде што имало пукотница- вработените забарикадирани (ВИДЕО)

Исто така, на интернет се појави драматично видео, кое наводно прикажува членови на персоналот забарикадирани во болничка соба, додека полицаец во целосна тактичка опрема го предупредува лекарот во бел мантил да остане во собата додека ги обезбедува ходниците.

Службениците за спроведување на законот ги повикаа локалните жители да се држат подалеку од болницата, додека сите закажани прегледи на пациентите се откажани.

Работник во болницата во Мичиген е уапсен откако пукал во колега на паркингот на медицинската установа Corewell Health Beaumont каде што претходно бил пријавен инцидентот.

Инцидентот се случил околу 8 часот утринава по локално време, по што медицинскиот персонал се забарикадирал во објектот, а полицијата организирала голема потрага откако осомничениот избегал од местото на настанот.

Напаѓач пукал двапати во рака маж (25) на болничкиот паркинг. Повредениот веднаш добил лекарска помош и е на лекување, но е во стабилна состојба.

Полицијата во меѓувреме објави дека осомничениот е уапсен и дека болницата Коревел Трој постепено продолжува со нормална работа.

Осомничениот е приведен по пукањето во болница во Мичиген, пишува „Дејли мејл“.

Corewell Health се наоѓа на голем кампус кој опфаќа повеќе згради, вклучително и педијатриско одделение.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk