„Иако цврсто верувам дека мојата цел е да го подобрам животот на граѓаните, тоа не го оправдува моето несоодветно однесување“, изјави 53-годишниот Јаманака на прес-конференција, извинувајќи се за своите постапки, објави Кјодо.
Тој рече дека одлуката за оставка ја донел претходниот ден откако ги слушнал мислењата на различни групи.
Јаманака претходно навести дека можеби ќе поднесе оставка за време на состанокот со своите поддржувачи, според еден од присутните.
Тој првично инсистираше дека нема да се повлече, но се соочи со притисок од градските советници, како и од сопствените поддржувачи.
Висок градски функционер, кој беше раководител на одделот за човечки ресурси во јануари, јавно го обвини градоначалникот дека вербално го навредувал.
Во независен истражен извештај објавен во јули се вели дека Јаманака постојано ја злоупотребувал својата позиција со малтретирање и навредување на подредените, користејќи, меѓу другото, терминот „човечки ѓубре“. Јаманака се извини претходно овој месец на седница на парламентарниот комитет за општи работи и рече дека ги прифаќа наодите од истрагата, но во тоа време изрази намера да остане на функцијата, велејќи дека „ќе се стреми да ја врати довербата на граѓаните“.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата