logo
logo
logo

Модел за пример: СИНГАПУР РЕГИСТРИРАШЕ НАД 111.000 МАЧКИ!

Vecer | 01.09.2026

Модел за пример: СИНГАПУР РЕГИСТРИРАШЕ НАД 111.000 МАЧКИ!

Повеќе од 111.000 домашни мачки во Сингапур добија дозволи, по завршувањето на двегодишниот преоден период во рамките на државната Рамка за грижа за мачките. Државниот министер за национален развој Алвин Тан Шенг Хуи изјави дека бројот на мачки пораснал од околу 66.000 на 111.000 во јули, кога околу седум од 10 домашни мачки добиле дозволи, биле микрочипирани и запишани во регистарот на оваа островска држава. Тан изрази благодарност до сите сопственици чии мачки добиле микрочипови и во текот на овој период биле внесени во регистарот за мачки на Сингапур. Тој додаде дека микрочипирањето и добивањето дозвола ќе ги подобрат следењето и одговорноста на сопствениците и истовремено ќе ги олеснат идентификацијата и враќањето на исчезнатите мачки кај нивните сопственици.

Рамката за грижа за мачките, која ја спроведе Службата за животни и ветеринарство (AVS) на Националниот одбор за паркови во Сингапур, стапи на сила на 1 септември 2024 година. Според овој документ, во секој стан во рамките на HDB (Сингапурски одбор за станбено прашање и развој, национална јавна станбена управа која обезбедува достапни и висококвалитетни домови за повеќе од 80% од населението во државата) можат да живеат до две мачки, додека секоја приватна резиденција може да има до три мачки, а сопствениците се должни да ги микрочипираат и да набават дозвола за сите свои домашни мачки. Тан додаде дека стандардните ограничувања за чување мачки за новите барања за лиценци ќе стапат на сила од 1 септември.

За време на преодниот период, Службата за животни и ветеринарна заштита (AVS) во Сингапур организираше речиси 170 бесплатни акции за микрочипирање миленици ширум Сингапур, во чии рамки беа чипирани повеќе од 13.000 мачки. Програмата за поддршка за стерилизација на мачки помогна да се изврши стерилизација и микрочипирање на повеќе од 6.300 мачки од над 2.900 домаќинства со пониски приходи.

Повеќе од 4.700 мачки во заедницата поминаа низ програмата „Фати-Стерилизирај-Врати во дом/Пушти-Одржувај“ од нејзиното воведување на 1 септември 2024 година. На 3 август, AVS започна двегодишна пилот-програма која им дозволува на одобрените згрижувачи на мачки да чуваат до шест мачки во становите на HDB и до 10 мачки во приватни куќи.

Целта на пилот-проектот, кој ќе трае до 31 јули 2028 година, е да им се пружи поддршка на згрижувачите на мачки и на нивната улога во грижата за мачките ширум Сингапур.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk