logo
logo
logo

Европол: Разбиена мрежа поради измама од повеќе милиони евра за добивање лажни надоместоци

Vecer | 21.03.2025

Европол: Разбиена мрежа поради измама од повеќе милиони евра за добивање лажни надоместоци

Како што се наведува во соопштението, уапсените се осомничени дека основале фиктивни компании за слушни помагала во јули 2024 година, користејќи фалсификувани дипломи за да обезбедат акредитација од здравствените власти и да добијат договори со францускиот државен Фонд за здравствено осигурување.

Тие потоа издавале лажни фактури и користеле детали за извештаите украдени од пациентите, со што преку лажни надоместоци дошле до исплата на 6,7 милиони евра (7,3 милиони американски долари) преку компании низ Европа, соопшти Европол.

Европол, со седиште во Хаг, исто така соопшти дека француската полиција уапсила осум осомничени претходно овој месец, при што е запленет имот во вредност од 195.000 евра. /МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk