Меѓу повредените има 10 полицајци, возачот и двајца сопатници во автомобилот.
Возачот на автомобилот одбил да застане во 14-тиот арондисман во Париз околу 5:45 часот, дознава француската телевизија БФМ од полициски извор.
Полицијата потоа го бркала во 15-тиот арондисман и возачот конечно бил уапсен по судир со три полициски возила, објави ЛеМонд.
Уапсени се и двајца патници во автомобилот.
Полицајците во потерата се полесно повредени и сите се пренесени во болница со релативно полесни повреди, а во болница се пренесени и три лица кои се наоѓале во автомобилот со повреди кои не се опасни по живот.
Судските истражни органи ќе спроведат истрага.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата