logo
logo
logo

Протест во Анкара поради апсењето на градоначалникот на Истанбул (ВИДЕО)

Vecer | 22.03.2025

Протест во Анкара поради апсењето на градоначалникот на Истанбул (ВИДЕО)

Протестот беше организиран од главната опозициска Народна републиканска партија (НРП) пред окружното претседателство на партијата.

Покрај симпатизери на НРП, на протестот учествуваа и други политички партии, меѓу кои и прокурдската партија ДЕМ, Турската комунистичка партија, Работничката партија, повеќе синдикати, како и млади - студенти и ученици, пренесе БТА.

Учесниците на протестот вееја турски знамиња и скандираа антивладини слогани како „Закон, правда и правда“, „Оставка на владата“.

Лидерот на НРП  Озгур Озел претходно повика на мирни протести поради апсењето на градоначалникот на Истанбул Екрем Имамоглу и покрај забраната на властите.

Забрани за организирање собири од вчера се воведени во Анкара и во Измир. Претходно ваква забрана беше воведена и во Истанбул.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk