logo
logo
logo

Париз, Берлин и Лондон повикаа на обновување на прекин на огнот во Појасот Газа

Vecer | 22.03.2025

Париз, Берлин и Лондон повикаа на обновување на прекин на огнот во Појасот Газа

Министрите за надворешни работи на Франција, Германија и Обединетото Кралство, Жан-Ноел Баро, Аналена Бербок и Дејвид Лами синоќа во заедничка изјава го осудија „драматичното влошување на ситуацијата за луѓето од Појасот Газа, заложниците, нивните семејства и целиот регион“.

- Револтирани сме од бројот на цивилни жртви и повикуваме на итно враќање на прекинот на огнот. Ги повикуваме сите страни да продолжат со преговорите за прекинот на огнот да се спроведе во целост и да стане траен, се вели во соопштението.

Според Цивилната одбрана на Газа, 520 луѓе се убиени во израелските напади во енклавата откако Израел го прекрши примирјето на 18 март.

- Јасно е дека палестинското движење Хамас не смее повеќе да владее со Газа или да претставува закана за Израел. Сепак, овој конфликт не може да се реши со воени средства, наведуваат шефовите на дипломатиите на Франција, Германија и Обединетото Кралство, додавајќи дека „натамошното крвопролевање не е во ничиј интерес“.

Воздушните и копнените изралекси операции во Појасот Газа го нарушија кревкиот мир што владееше по стапувањето во сила на прекинот на огнот на 19 јануари на територијата уништена од војната што палестинското исламистичко движење ја започна пред повеќе од 17 месеци со напад на територијате на Израел.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk