logo
logo
logo

Дали Хамза бин Ладен е жив?

Vecer | 17.09.2026

Дали Хамза бин Ладен е жив?

Синот на Осама бин Ладен, Хамза бин Ладен – за кого американските власти претходно тврдеа дека загинал во воздушен напад во 2019 година – наводно е жив и ги предводи обновените напори на Ал Каеда за изградба на мрежа од милитантни групи во Азија и Африка.

Ова се наведува во нова разузнавачка проценка објавена од британскиот весник „Мирор“.

Според таа проценка, Ал Каеда наводно намерно ширела информации за смртта на Хамза за да го отстрани од списокот на цели и да му овозможи од сенка да преземе лидерска улога во организацијата.

Хамза бин Ладен, кој сега би имал 37 години, е најстариот син на Осама бин Ладен – основачот на Ал Каеда и идејниот творец на терористичките напади врз САД од 11 септември 2001 година, во кои загинаа речиси 3.000 луѓе.

Американскиот претседател Доналд Трамп претходно изјави дека Хамза бин Ладен бил убиен во американска операција во 2019 година.

Сепак, според разузнавачка проценка до која дојде весникот „Мирор“, Ал Каеда наводно манипулирала со телефонските разговори на членовите на семејството и соработниците на Хамза за да ги убеди американските разузнавачки служби дека тој е мртов.

Во проценката се наведува дека тогашниот лидер на Ал Каеда, Ајман ал-Завахири, наводно одиграл клучна улога во таа операција.

Според овие наводи, соработниците на Хамза отворено разговарале по телефон за неговата смрт, свесни дека комуникацијата може да биде прислушувана. Понатаму, во проценката се наведува дека по смртта на Ал-Завахири во американскиот напад во Кабул во 2022 година, Хамза ја презел лидерската улога во организацијата.

Тој потоа наводно воспоставил мрежа од кампови во Авганистан и се поврзал со разни милитантни групи, вклучувајќи организации поврзани со Иран, Хамас и Исламската држава.

Во документот се проценува дека потенцијалната закана за Обединетото Кралство и САД може да вклучува напади со голем број жртви, киднапирања, поединечни напади, саботажи, атентати, како и напади врз транспортната инфраструктура и цели поврзани со Израел и еврејските заедници.

Ивор. Б92.нет

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk