Прашањето каде денес се наоѓа иранскиот ураниум обогатен на 60 проценти би можело да стане главна пречка за каков било обид на САД да оправдаат нов воен напад врз длабоко закопаните нуклеарни објекти во Иран, тврди поранешниот ОН-инспектор и разузнавач Скот Ритер.
Според Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), над 200 килограми од овој опасен материјал се наоѓаа во тунелскиот комплекс кај Исфахан. Меѓутоа, сателитските снимки направени од Институтот за наука и меѓународна безбедност покажуваат дека сите познати влезови во овој подземен комплекс се целосно затрупани со земја и неочистени, што значи дека ураниумот е практично за заробен внатре.
Тука Ритер гледа сериозна нелогичност во американските тврдења: ако Вашингтон тврди дека иранскиот ураниум е преместен на нова локација (како што е новиот комплекс „Пикекс Маунтин“), американските разузнавачки служби мора да имаат цврсти докази кога, како и по кој пат е изнесен материјалот од затрупаните тунели, а не само претпоставки.
Дополнителен проблем е што МААЕ отворено признава дека повеќе нема физички пристап ниту можност за потврда на точната локација и количина на иранските залихи.
Ритер заклучува дека за екстремна одлука, како што е воен напад врз подземни објекти, Вашингтон не смее да се потпира врз проценки дека ураниумот „веројатно“ е таму, бидејќи без точни разузнавачки податоци, целиот сомнеж паѓа врз веродостојноста на американските причини за нов конфликт.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата