logo
logo
logo

ЗАМИНА ОМИЛЕНИОТ МОНАРХ - Почина норвешкиот крал Харалд V

Vecer | 28.08.2026

ЗАМИНА ОМИЛЕНИОТ МОНАРХ - Почина норвешкиот крал Харалд V

Норвешкиот крал Харалд V почина утрово во 6:35 часот во Националната болница во Осло на 89-годишна возраст, соопштија официјално од Кралскиот дворец.

Со заминувањето на Харалд V завршува една богата ера за Норвешка, каде што тој важеше за еден од најомилените монарси кој до последниот ден остана исклучително посветен на својот народ.

Харалд V е роден на 21 февруари 1937 година во Скаугум. Неговото детство го одбележа Втората светска војна — како тригодишен принц, по германскиот напад врз Норвешка, заедно со мајка си и сестрите мораше да побегне во САД преку Шведска. Кралското семејство повторно се обедини во татковината по завршувањето на војната во 1945 година.

Во 1957 година, по смртта на неговиот дедо, кралот Хокон, Харалд официјално стана престолонаследник. Стекна врвно образование — ја заврши Кралската норвешка воена академија во 1959 година, а потоа студираше општествени науки, историја и економија на престижниот колеџ Балиол во Оксфорд.

Неговиот приватен живот исто така остави голем белег во историјата. Во 1968 година се ожени со Соња Харалдсен, откако по години борба неговиот татко, кралот Олав, Конечно даде согласност за брак со жена која не потекнува од кралско семејство. Заедно ги добија децата Марта Луиза и престолонаследникот Хокон. По смртта на кралот Олав во 1991 година, Харалд V ја положи заклетвата пред норвешкиот парламент (Стортингот) и го презеде престолот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk