Од почетокот на војната во Улкраина од март 2022 година заклучно со ноември 2026 година, Европската Унија и нејзините земји членки обезбедиле, или дале на Украина, вкупно 245,5 милијарди евра сеопфатна помош за Украина.
Покрај веќе исплатените 245,5 милијарди евра, во рамките на договорот е и заем од 90 милијарди евра за периодот 2026–2027 година (од кои 60 милијарди се наменети за одбрана, а 30 милијарди за буџетска поддршка) кој Украина нема реални услови да го врати.
Најмногу пари и воена помош се испорачани од Германија.
Од почетокот на војната во Украина Германија издвоила или се обврзала да плати вкупно околу 100,9 милијарди евра. Околу 41,7 милијарди евра досега директно стигнале до самата Украина (од кои 34,35 милијарди евра се чиста воена помош).
Германците сметаат дека е тоа доволно, дека државата ги намалува социјаните давачки за своите граѓани а недостасуваат пари за образование и здравство кои, за Германците кои плаќаат данок, се приоритет.

Демонстрантите во градовите како Минхен, Берлин, Келн, Франкфурт, Бремен и Хановер ги критикуваа високите трошоци за живот - како што се цените на горивото и енергијата - заедно со перципирано недоволно финансирање во училиштата, здравствената заштита, домувањето и јавната инфраструктура. Некои демонстранти во Минхен, исто така, побараа оставка од канцеларот Фридрих Мерц и нови избори.
Демонстрантите и младинските движења (како што е Gen Z Regelt) се спротивставија на владините трошоци за војни, воена експанзија, потенцијална задолжителна воена служба и финансиска или воена помош за Украина.
Мнозинството германски граѓани се противат на воена помош за Украина, според анкетата на фондацијата „Кербер“. Според резултатите од анкетата, 53 проценти од испитаниците не ја поддржуваат испраќањето воена помош за Киев, додека 46 проценти се за таа опција. Минатата година, односот беше обратен - 59 проценти од граѓаните ја поддржаа помошта.

Во рамките на амбициите Германија да се изгради како водечка воена сила во Европа сегашната влада најави и обврска за воена регрутација која Германците речиси со две третини мнозинство ја одбиваат.
Противниците на воените амбиции на германската влада и регрутацијата со месеци излегуваат на протести кои започнаа во мај 2026 година, достигнаа масовни размери на 25 септември 2026 година, а продолжија и есенва.

Анкетата, исто така, покажа дека 64 проценти од Германците се против тоа Германија да преземе воена лидерска улога во Европа, додека 61 процент веруваат дека Берлин и европските земји треба да сторат повеќе за да започнат мировни преговори меѓу Русија и Украина.
Резултатите укажуваат на промена во расположението на германската јавност кон воената поддршка за Киев, во време кога канцеларот Фридрих Мерц ветува континуирана помош за Украина.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата