logo
logo
logo

Британија БИ ЈА ЗАГУБИЛА ВОЈНАТА СО РУСИЈА ЗА ЕДЕН ДЕН, за толку има муниција

Vecer | 04.02.2023

Британија БИ ЈА ЗАГУБИЛА ВОЈНАТА СО РУСИЈА ЗА ЕДЕН ДЕН, за толку има муниција

Висок британски генерал предупредува дека во случај на конфликт со Русија, Велика Британија ќе остане без муниција за еден ден.

Предупредувањето на генералот Ричард Баронс дојде само еден ден откако министерот за одбрана Бен Валас рече дека британските сили се исцрпени, додавајќи дека воениот буџет мора да се зголеми во текот на следните две децении поради зголемените глобални закани.

Како што пишува „The Sun“, Британија купува муниција од Јужна Азија, а потоа ја испраќа во Украина.

Д-р Џек Волтинг од воено истражувачкиот центар „Руси“, вели дека Украина испалува околу 6.000 гранати дневно, но и дека досега Велика Британија му помагала на Киев со испраќање на ракети за тенкови и артирелиски гранати кои ги увезува.

На британските фабрики за муниција ќе им биде потребна една година да направат онолку гранати колку што Украина троши во еден ден, пишува Дејли мејл.

Во меѓувреме, откриено е дека Британија нема исправни тешки артилериски топови откако на Украина и ги дала сите фукционални самоодни пушки „AS90“.

Генералот Барон вели дека на војската и се потребни уште 3 милијарди фунти годишно за да се врати на највисокото ниво на НАТО.

Во својата колумна за „The Sun“, генералот Барони пишува:

– Ова е навистина шокантно. Но, тоа е вистина и мораме да го исправиме – вели Барони

Велика Британија троши повеќе за одбрана од кој било друг сојузник на ЕУ, а нејзините „храбри вооружени сили веќе долго време се едни од највлијателните британски карики ширум светот – пишува Дејли мејл.

Британскиот министер за одбрана Бен Валас истакна дека буџетот за одбрана треба да расте бидејќи светот станува сè поопасно место.

– Светот е сè понестабилен и веројатно ќе остане таков во следните деценија или две – вели Валас.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk