Амбасадорот на Украина во Германија, Андриј Мелник вели дека разочаран од говорот на германскиот канцелар Олаф Шолц на Светскиот економски форум во Давос.
„Берлин воено ја остава Украина на цедило“, подвлече Мељник за весникот „Билд“.
Тој истакна дека во Киев очекувале многу повеќе, дека сакаат Шолц да објави дека германската влада ќе и пружи голема помош на Украина за да се добие оваа војна.
За жал, тоа не беше случај, пред се во врска со итните испораки на тешко оружје од Германија“, рече Мелник.
Мелник претходно го навредуваше канцеларот Олаф Шолц, а пред два дена на Твитер објави фотографија со полжав кој носи куршум, исмевајќи ја германската влада за одложувањето на испораките на оружје.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата