logo
logo
logo

ПУКНА ТИКВАТА ВО БРИСЕЛ! Каја Калас во директен судир со Фон дер Лајен, ЕУ дипломатијата во тотален хаос!

Vecer | 03.09.2026

ПУКНА ТИКВАТА ВО БРИСЕЛ! Каја Калас во директен судир со Фон дер Лајен, ЕУ дипломатијата во тотален хаос!

Европската Унија ги отвори картите и ги започна првите сериозни дискусии за долгонајавуваната реформа на својата дипломатска служба, за која влијателни членки како Франција и Германија отворено тврдат дека е неефикасна и подгреана од бирократија.

Уште од самото основање во 2011 година, дипломатскиот апарат на Унијата се соочува со постојани внатрешни триења меѓу 27-те земји членки, но и со сериозно преклопување на надлежностите меѓу самите институции во Брисел. Иако по правило новата висока претставничка за надворешна политика, Каја Калас, треба да ја координира надворешната политика за ЕУ да зборува со еден глас, нејзините раце се врзани. Различните национални интереси на членките редовно ја блокираат Унијата, што особено дојде до израз при длабоките несогласувања околу кризата на Блискиот Исток.

Дополнителен хаос во дипломатијата прави и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, која сè почесто зазема директни ставови за надворешната политика и директно навлегува во ингеренциите на Калас.

Со цел да се пресече овој јазол, Франција и Германија ги претставија своите конкретни предлози за време на министерскиот состанок во Виклоу, во близина на Даблин.

„Идејата е да се зајакне улогата на високиот претставник и да се поддржат активностите што Каја Калас во моментов ги презема“, објасни францускиот министер за надворешни работи, Жан-Ноел Баро.

Во доверливиот документ подготвен од Париз, Франција дури предлага дел од дипломатската служба на ЕУ, која моментално брои дури 5.500 вработени и годишен буџет од речиси една милијарда евра, да се префрли под директна капа на Европската комисија за да се рационализираат трошоците, а паралелно да ѝ се дадат поголеми овластувања на Калас.

Сеак, овие идеи наидоа на студен туш. Каја Калас отворено призна дека помеѓу 27-те членки нема ентузијазам за големи престројувања.

„Она што земјите членки го кажаа е дека постои широка поддршка за сегашната институционална рамка. Затоа, таа не треба да се менува, туку подобро да се применува“, истакна Калас.

Таа директно посочи дека главната пречка не се само членките, туку амбициите на Фон дер Лајен лично да го води зборот во глобалната дипломатија.

„Веќе сме имале ситуации во кои некој над мене всушност ја носел одлуката, а вие добро знаете дека тоа не е ефикасно“, искрена беше Калас.

Поради поделените ставови, германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул предложи дипломатската драма и разговорите за реформи да продолжат на следен вонреден состанок во Берлин, за кој датумот допрва ќе се усогласува.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk