logo
logo
logo

Анкета: Повеќе од половина Американци ВЕЌЕ НЕ ПОДДРЖУВААТ САНКЦИИ ЗА РУСИЈА

Vecer | 25.05.2022

Анкета: Повеќе од половина Американци ВЕЌЕ НЕ ПОДДРЖУВААТ САНКЦИИ ЗА РУСИЈА

Повеќе од половина од Американците не го поддржуваат воведувањето санкции против Русија доколку тие повлечат последици и штета за американската економија, според анкетата спроведена заеднички од новинската агенција AP и Истражувачкиот центар NORC.

Резултатите од истражувањето покажуваат дека сега помалку од половина од Американците (45 отсто) се за воведување поефективни рестриктивни мерки против Русија без да се земат предвид можните економски последици, додека 51 отсто од испитаниците сметаат дека таквите мерки не треба да се преземаат доколку нанесат штета на економската благосостојба на Америка.

За споредба, во март, непосредно по почетокот на руската инвазија во Украина, статистиката беше целосно обратна. Тогаш најголемиот дел од испитаниците (55%) сметале дека санкциите против Русија треба да бидат што е можно поефективни, без оглед на можната штета за Америка.

Анкетата е спроведена во периодот од 12-16  мај на примерок од 1.172 испитаници.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk