logo
logo
logo

Американските сили се повлекоа од последните бази во Ирак, се стравува од безбедносен вакум

Vecer | 30.09.2026

Американските сили се повлекоа од последните бази во Ирак, се стравува од безбедносен вакум

Повлекувањето што го поздравија Иран и неговите сојузници, беше договорено во 2024 година, за време на претседателствувањето на Џо Бајден, а се спроведува во услови на војна против Иран кој има свое влијание и во Ирак преку одредени вооружени групи.

Повлекувањето се случува 23 години откако американските сили го соборија од власта Садам Хусеин, што предизвика бунт и хаос во државата во која подоцна се појави џихадистичката организација Исламска држава.

Иако ирачаните се задоволни од заминувањето на американските војници, постојат стравувања дека безбедносните сили што ги финансираа и обучуваа САД, не се во состојба да ја заштитат земјата во која за изминатите 20 години загинаа повеќе од 4.500 Американци.

Американските сили го нападнаа Ирак во 2003 година и практично ја окупираа земјата, поставија шиитска влада и се бореа против лојалистите на Садам, а потоа и против Ал Каеда, пред да се повлечат кон крајот на 2011 година.

Тие се вратија три години подоцна за да им помогнат на ирачките сили да ја поразат сунитската исламска држава во војната од 2014 до 2017 година.

Во операцијата „ирачка слобода“ загинаа двојно повеќе американци отколку во војната во Авганистан, од каде исто така американската војска се повлече во 2021 година.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk