Француската бродска групација CMA CGM, третиот најголем оператор на контејнери во светот, потврди дека нивниот брод „Сан Антонио“ бил цел на напад при преминот низ стратешкиот Ормутски Теснец. Во инцидентот, кој се случил вчера, има повредени членови на екипажот, а на самиот брод е причинета материјална штета.
Од компанијата соопштија дека будно ја следат состојбата и се во постојан контакт со екипажот за да ја осигураат нивната безбедност. Според податоците за следење на пловидбата, „Сан Антонио“ ја прикрил својата локација со исклучување на транспондерите вчера наутро околу 9 часот по локално време. Британскиот центар за поморски трговски операции потврди дека нападот бил извршен во попладневните часови.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата