logo
logo
logo

АРГЕНТИНА СИ ГИ БАРА ФОЛКЛАНДИТЕ - Трамп ги стаписа Британците!

Vecer | 04.09.2026

АРГЕНТИНА СИ ГИ БАРА ФОЛКЛАНДИТЕ - Трамп ги стаписа Британците!

Аргентинскиот претседател Хавиер Милеи повторно ги разгоре тензиите околу Фолкландските Острови (Малвините), најавувајќи остри санкции за сите странски нафтени компании кои работат во тој регион и порачувајќи дека островите се „историски и правно аргентински“.

Новиот ескалирачки бран доаѓа откако американскиот претседател Доналд Трамп даде јасен сигнал дека САД овојпат нема да му прискокнат на помош на Обединетото Кралство во случај на нов воен судир, замерувајќи му на Лондон за недоволната поддршка во меѓународните воени мисии.

Милеи нагласи дека жителите на островите „немаат легитимно право на самоопределување на узурпирана територија“ и најави изградба на нова поморска база во Огнена Земја на југот од земјата. Тој посебно го оцрни нафтеното поле Sea Lion - во сопственост на британски и израелски компании, квалификувајќи го како директна закана за суверенитетот на Аргентина.

„Ако не делуваме брзо, за неколку месеци ќе имаат капацитет да ја испумпаат нафтата што се наоѓа под нашето море. Фолкландските Острови се наша иднина и мора да ги вратиме“, изјави Милеи.

Од друга страна, Даунинг Стрит веднаш ги отфрли аргентинските барања, истакнувајќи дека британскиот став е „непроменлив“ и дека волјата на локалното население, кое на референдумот во 2013 година со 99,8% гласаше за останување под британска круна, мора во целост да се почитува.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk