logo
logo
logo

По Иран, тешка дилема: МОЖЕ ЛИ АМЕРИКА ДА ВОДИ ВОЈНА И НА ДРУГ ФРОНТ? Ова се шансите

Vecer | 22.08.2026

По Иран, тешка дилема: МОЖЕ ЛИ АМЕРИКА ДА ВОДИ ВОЈНА И НА ДРУГ ФРОНТ? Ова се шансите

Сојузниците се сомневаат во способноста на САД да се борат во повеќе големи војни одеднаш - анализира  WSJ.

Додека војната во Иран ги исцрпува виталните залихи на пресретнувачи на ракети, американските сојузници сè повеќе го доведуваат во прашање капацитетот на Вашингтон да води конфликти, војни на повеќе фронтови.

Уште од враќањето на претседателот Трамп на функцијата, сојузниците на Америка се грижат за намерите на Вашингтон. Сега, откако неубедливата војна против Иран ги еродираше залихите на оружје на САД и ги откри границите на американската тврда моќ, тие се грижат и за американските капацитети, се прашуваат: Може ли Америка сè уште да ги брани своите пријатели, ако дојде време за тоа?

▪️Војната со Иран сериозно ги исцрпи американските залихи на оружје и ги зголеми сомнежите на сојузниците за способноста на Вашингтон истовремено да води големи конфликти на Блискиот Исток, Европа и Азија.

▪️Според CSIS, САД веќе потрошиле околу половина од своите предвоени залихи на пресретнувачки ракети, вклучувајќи го и THAAD.

▪️Американската војска, исто така, потрошила околу една третина од своите залихи на ракети Tomahawk и JASSM со долг дострел. Пентагон официјално негира каков било недостаток на муниција.

▪️Проблемот со воздушната одбрана е особено акутен: според проценките на CSIS, околу 800 пресретнувачки ракети Patriot остануваат во американскиот арсенал. „Имаме проблеми со производството на системи за ракетна одбрана, но тие немаат проблеми со производството на балистички ракети — ниту во Русија, ниту во Кина, ниту во Северна Кореја“, рече поранешниот функционер на германското Министерство за одбрана, Нико Ланге.

▪️Недостатокот веќе ги погодува сојузниците на САД: Украина има недостиг од ракети „Патриот“, земјите од Персискиот Залив се плашат од нова размена на удари со Иран, а Европа сè уште нема доволен сопствен систем за ракетна одбрана.

Според Атлас институтот за надворешни работи од САД Русија годишно произведува околу 3 милиони артилериски гранати и до 1.500 тенкови (меѓу кои и реновирање и унапердување постари модели). Според официјалните проценки, Русија произведува муниција колку што произведува целиот НАТО за три месеци, иако западните земји брзо ги зголемуваат сопствените капацитети и издвојуваат повеќе од 1,4 трилиони долари за одбрана.

Според официјалните податоци од меѓународни институти (како што се FAS и SIPRI), Русија поседува околу 532 стратешки балистички ракети (интерконтинентални и лансирани од подморници), додека НАТО (вкупно, заедно САД, Велика Британија и Франција) има околу 640 оперативни стратешки балистички ракети.

Кога станува збор за нуклеарните боеви глави што ги носат овие ракети, Русија и НАТО се подеднакво распоредени: обете страни имаат околу 1.700 до 1.800 активно распоредени боеви глави на овие ракети.

Дали во случај да се отворат нови фроинтови околу Тајван, или Источна Европа Америка има капацитет ефикасно да се постави во одбрана на сојузниците и своите стратешки интереси, особено со оглед на состојбата на терен во која Северна Кореја има најмногу вооружување во светот гледано според бројот на жители, Русија веќе спроведува воена економија и произвдува повеќе модерно оружје од било која НАТО држава, а Кина мудро молчи и ги користи сите ситуации, вкличитено и воените гради позиција и чека своја шанса во вистинско време.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk