КИНЕЗИТЕ МУ ОТКАЖАА СПОНЗОРСТВА НА МБАПЕ. Треба да знае малку повеќе од шутирање топка

Vecer | 27.10.2026

КИНЕЗИТЕ МУ ОТКАЖАА СПОНЗОРСТВА НА МБАПЕ. Треба да знае малку повеќе од шутирање топка

Во настап на поткаст Килијан Мбапе изјави дека најсмешно му било кога на неговото тело ја монтирале главата ка кинескиот дикататор Мао Це Тунг... Таа изјава во Кина се доживеа како навреда на нивните вредности и историја и одговорот уследи моментално - три големи псонзори, меѓу кои е еден од најголемите кинески авто брендови Донгфенг, на Мбапе му откажаа соработка.

Францускиот фудбалер Килијан Мбапе денес се извини за коментарите во кои се чини дека го нарече кинескиот лидер Мао Це Тунг диктатор, но тоа не менува ништо. За Кинезите тој е непожелен лик.

„Мојата изјава беше непромислена и сега разбирам дека повреди многу луѓе во Кина и кинеските заедници низ целиот свет. Се извинувам на секој што беше вознемирен од моите зборови. Апсолутно не ми беше намерата. Длабоко го почитувам кинескиот народ и неговата историја и навистина ми е жал“, рече Мбапе во соопштение објавено и на кинески.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk