logo
logo
logo

СТРАНСКИТЕ ДИПЛОМАТИ ДА ГО НАПУШТАТ КИЕВ - Москва со апел до амбасадите

Vecer | 05.10.2026

СТРАНСКИТЕ ДИПЛОМАТИ ДА ГО НАПУШТАТ КИЕВ - Москва со апел до амбасадите

Москва ги предупреди странските државјани и дипломатскиот персонал да го напуштат Киев и да не патуваат во Украина, поради најавите за масовни напади како одговор на украинските напади врз Русија.

Руското Министерство за надворешни работи порача дека оние кои го игнорираат предупредувањето сами го преземаат ризикот од можните последици.

Германската амбасада одговори дека останува во украинскиот главен град.

„Остануваме во Киев“, објави германската дипломатска мисија, чија работа продолжува и покрај наглото влошување на безбедносната состојба во градот.

Амбасадорката на Европската Унија во Украина, Катарина Матернова, потврди дека ниту една од 25-те земји членки на ЕУ што имаат амбасади во Киев во моментов не планира да се повлече.

– Остануваме во Киев, како и сите други амбасади на земјите од Европската Унија. Во близок контакт сме – рече Матернова.

Таа ѝ порача на Москва да не ги „тестира“ правилата на Виенската конвенција, кои ја регулираат заштитата на дипломатските мисии.

Полска, исто така, одделно потврди дека нејзината амбасада продолжува со нормално работење во Киев.

Руското Министерство за одбрана објави дека по најавата на Володимир Зеленски за зголемени напади врз руските рафинерии, ќе ги интензивираат нападите врз воените, воено-индустриските и сродните инфраструктурни објекти во Киев и други делови на Украина.

Поради ваквите најави европските дипломатски мисии ги преиспитуваат безбедносните процедури во последните денови. Сепак, одлуката за напуштање на Киев не е донесена.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk