РАЗБИЕНА МАЛОЛЕТНИЧКА НЕОНАЦИСТИЧКА ЌЕЛИЈА - Како 14-годишници станаа дел од терористичка организација?

Vecer | 25.11.2026

РАЗБИЕНА МАЛОЛЕТНИЧКА НЕОНАЦИСТИЧКА ЌЕЛИЈА - Како 14-годишници станаа дел од терористичка организација?
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Главното државно обвинителство во Карлсруе издаде налог за апсење на тројца германски државјани на возраст од 14 и 15 години поради сомнение дека подготвувале терористички напади со екстремно десничарска заднина, при што истовремено се извршени претреси на десетина локации низ Германија поврзани со забранетата организација „Терор 18“, каде што бројот 18 во десничарските кругови ги симболизира иницијалите на Адолф Хитлер. На уапсените малолетници им се става на товар членство во терористичка организација чија цел е извршување тешки напади насочени против германскиот уставен поредок, а според германските медиуми, во рамките на групата веќе постоеле конкретни планови за напад врз сместувалиште за бегалци во Долна Саксонија.

Во соопштението на Главното државно обвинителство, кое ги презема случаите со сомнение за загрозување на уставниот поредок, се наведува дека членовите на оваа група ги поврзува длабоко неприфаќање на политичкиот и демократскиот поредок на Сојузна Република Германија, поради што си поставиле за цел да извршат најтешки кривични дела — особено подметнување пожари и насилни акции, вклучувајќи и целни ликвидации на странци и политички противници. Истовремено е покрената истрага против уште тројца осомничени членови на „Терор 18“, при што сите се третираат како помлади лица на возраст зрела за преземање кривична одговорност, а обвинителството предупредува дека тие покажуваат висок степен на радикализација која се одвива со голема брзина.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk