Првите снимки од астероидот во кој НАСА намерно удри со вселенско летало открија кратер со големина на стадион на неговата површина.
Значителното оштетување настана во 2022 година, кога вселенското летало на НАСА се судри со астероидот Диморфос. Иако астероидот не претставуваше закана за Земјата, целта на мисијата беше да се тестира систем за планетарна одбрана и да се утврди дали е можно да се промени траекторијата на еден астероид.
Четири години подоцна, вселенското летало „Хера“ на Европската вселенска агенција (ESA) спроведува детално истражување на местото на ударот за да ги процени целокупните последици од судирот, пренесува Би-Би-Си.
„Кратерот е речиси голем колку самиот астероид, што е навистина спектакуларно. Тешко е со зборови да се опише возбудата што конечно гледаме што се случило. Како некој што проучува кратери, можам да кажам и дека е прекрасен“, изјави Сабина Радукан, планетарен научник и член на научниот тим на мисијата „Хера“
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата