logo
logo
logo

СЕ УРНА ПОКРИВОТ НА УЧИЛИШТЕ ВО ПЕШАВАР: Најмалку 28 загинати, десетици деца се под урнатините

Vecer | 15.10.2026

СЕ УРНА ПОКРИВОТ НА УЧИЛИШТЕ ВО ПЕШАВАР: Најмалку 28 загинати, десетици деца се под урнатините

Најмалку 27 ученици – повеќето на возраст под 13 години – и еден наставник загинаа откако се урна покривот на училиште во пакистанскиот град Пешавар, соопштија локалните власти, предупредувајќи дека бројот на жртвите може да се зголеми.

Повеќето од жртвите биле мртви при пристигнувањето во болницата „Лејди Ридинг“, додека уште 20 лица се здобиле со повреди, изјави портпаролот на болницата, Мохамад Асим.

Уривање покрив во приватно училиште

Приватното училиште, Образовниот центар „Ал-Каир“, се наоѓа во населбата Дир Колони. Екипите за спасување работеа на извлекување на телата и повредените од урнатините и нивно пренесување во болниците, изјави владиниот претставник Билал Фаизи.

Според претставник на спасувачките служби, покривот на најгорниот кат се урнал врз покривот на катот под него, кој потоа попуштил и паднал врз учениците во училниците.

Десетици деца извлечени од урнатините

„Досега извлековме најмалку 45 деца од урнатините“, рече Ифтихар Кан, претставник на окружната служба за итни случаи.

Тој додаде дека има информации оти уште деца се заробени под урнатините.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk