Идејата за канадско „придружено членство“ во Европската унија, која ја лансираше претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, предизвика остри реакции и закани со високи царини од американскиот претседател Доналд Трамп. Но, како би изгледал овој евентуален сојуз во пракса и што точно се крие зад плановите на канадскиот премиер Марк Карни?
– Светската политика ја гледаме со исти очи, порача Фон дер Лајен во својот говор пред Европскиот парламент во Стразбур, каде Карни беше почесен гостин. Иако формалното полноправно членство на Канада во ЕУ е правно невозможно бидејќи според Уговорот на Унијата тоа е резервирано само за европски држави, опциите за тесно поврзување се бројни – од спогодби за слободна трговија и специјални договори за асоцијација, па сè до стратегиски сојузи по примерот на норвешкиот или исландскиот модел.
Одбрана, наоружување и независност од САД
Според експертите, фокусот на овој нов сојуз нема да биде во преземање на европските закони, туку во крајно интензивирање на економската сигурност и одбраната. Со децении и Европа и Канада го земаа американскиот заштитен кишобран здраво за готово, инвестирајќи премалку во сопствените воени капацитети. Сега се планира здружување на силите, особено преку пристапувањето на Канада во европската програма за набавка на наоружување SAFE, што ѝ овозможува на Отава да ги пренасочи милијардите што претходно ги трошеше во САД.
Дополнително, Канада издвојува значајни средства за одбрана – повеќе отколку 14 најмали членки на ЕУ заедно – а со најавите за зголемување на издвојувањата до 5 отсто од БДП до 2035 година, таа станува исклучително привлечен партнер.
Заштита на инфраструктурата и потенцијалот на CETA
Покрај воената соработка, плановите опфаќаат и заштита на критичната инфраструктура, како што е управувањето со сателити во всеверот и оптички кабли во северен Атлантик, како и искористување на канадските енергетски резерви на нафта и гас. Иако постоечкиот трговски договор CETA веќе гарантира висок степен на слобода во трговијата, експертите сметаат дека неговиот целосен потенцијал сè уште не е исцрпен.
Соочени со заострувањето на трговските судири со Вашингтон и пораките од Давос каде Карни предупреди дека средните сили лесно можат да завршат на „јеловникот“ на велесилите, Канада бара сигурни и доверливи сојузници во Стариот континент, претворајќи ја геополитичката несигурност во нов мост меѓу Отава и Брисел.
Извор: DW
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата