logo
logo
logo

Во 180-тиот меч за Хрватска: Модриќ со супер гол донесе победа, Роналдо повторно “тресеше“, Шпанија ја совлада Швајцарија!

Vecer | 08.09.2024

Во 180-тиот меч за Хрватска: Модриќ со супер гол донесе победа, Роналдо повторно “тресеше“, Шпанија ја совлада Швајцарија!

Лука Модриќ и дефинитивно е фудбалска икона на Хрватска. Вечерва тој на својот 180 меч за својата репрезентација, постигна маестрален гол од слободен удар, фантастичен гол во 51.минута, за победа од 1:0 против Полска.

Секако дека на Хрватите лесно им кога го имаат Лука.

Кристијано Роналдо е чудо, иако има 39 години тој не знае за доста, Вечерва во 88.минута постигна убав гол за победа на Португалија од 2:1 против Шкотска. Ова за Роналдо е 901 гол во неговата фантастична кариера. Инаку Шкотите поведоа со голот на Мектоминеј во 7.минута. Португалија долго се мачеше, но прво Бруно Фернандеш во 54.минута израмни за да Роналдо во 88.минута со гол донесе победа.

Швајцарија – Шпанија 1:4 е епилогот од натпреварот кој понуди големи возбудувања.

Шпанците уште во 13.минута имаа 0:2 со головите на Хоселу и Руиз. Во 20.минута останаа со играч помалку по исклучувањето на Ла Норманд. На пауза се замина со 1:2.

Во продолжението од средбата домашните тргнаа на се или ништо, имаа шанси, но добија ништо. Руиз и Торес во 77. и 80.минута со два гола ставија точка на овој меч за победа од 1:4.

Шведска со 3:0 лесно ја победи Естонија.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk