logo
logo
logo

Слот: Милан не е само Леао!

Vecer | 17.09.2024

Слот: Милан не е само Леао!

ФОТО: Liverpool FC

Менаџерот на Ливерпул, Арне Слот изјави дека има голема почит кон првиот противник на неговиот тим во Лигата на шампионите – Милан. Натпреварот е вечерва на Сан Сиро, а „црвените“ ќе се обидат да се вратат на победите откако викендов претрпеа сензационален пораз од Нотингем Форест.

„Мислам дека ниту еден тренер не се плаши од друг тим, но во секој случај ние се однесуваме кон Милан со голема почит. Имаат класа и покажаа дека се во добра форма со победата од 4-0 над Венеција. Сигурно не се плашиме, но го почитуваме противникот“, изјави Слот на синоќешната прес-конференција и додаде:

„Тешко е да се каже колку бодови ќе ни требаат за да се пласираме во следната фаза. Со Феенорд еднаш минавме низ групите со 6 бода, но јасно е дека ако сакаш да се најдеш во топ 8, треба да бидеш константен во резултатите. Рано е да се суди за новиот формат. Секоја вечер ќе има интересни натпревари. Ова е привлечно и за гледачите и за самите играчи“, изјави Слот.

Тој истакна дека направиле анализа на противникот, особено на Рафаел Леао. Но, според него Милан има и други опасни напаѓачи на кои треба да се внимава.

„Ние секако презедовме мерки да го запреме Рафаел Леао. Ги истраживме неговите силни страни. Но, Милан има и други опасни напаѓачи. Мора да се браниме како тим за да им се спротивставиме“, потенцира Холанѓанецот.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk