logo
logo
logo

Баерн со непријатно „изненадување“ за Ристовски, Адеми и Динамо: Можете само да се сликате!

Vecer | 17.09.2024

Баерн со непријатно „изненадување“ за Ристовски, Адеми и Динамо: Можете само да се сликате!

Непријатно изненадување за Динамо Загреб и несекојдневен потег на Баерн пред вечерашниот (21 ч.) натпревар од Лигата на шампионите, кој германскиот и хрватскиот шампион ќе го одиграат на „Алијанц Арена“. Домаќинот им забрани на гостите од Загреб за кого настапуваат македонските фудбалер, Стефан Ристовски и Аријан Адеми да тренираат ден пред натпреварот на стадионот во Минхен, каде што се игра натпреварот.

Објаснувањето на Баерн е дека теренот е во многу лоша состојба, растргнат и полн со дупки. Очигледно така е од ЕП, а тоа што Баерн оттогаш два пати го смени не помогна ситуацијата да се подобри. Новата трева не пушти корени поради претерано високите температури, а по нив почнаа и обилните дождови.

Затоа Динамо го одработи последниот тренинг пред отворањето на Лигата на шампионите во Загреб и потоа се упати во Минхен. Пристигнувајќи на тамошниот стадион, фудбалерите на Динамо можеа само да се шетаат низ теренот на стадионот на Баерн и да направат селфи и да забележат дека над тревникот има греалки.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk