logo
logo
logo

„Ваљекас“ не доби зелено светло: Рајо не може да игра дома!

Vecer | 03.09.2026

„Ваљекас“ не доби зелено светло: Рајо не може да игра дома!

фото: A LaLiga Fan @A_Laliga_Fan (X)

Рајо Ваљекано ќе мора да го одигра и вториот домашен натпревар сезонава надвор од својот стадион „Ваљекас“. Министерството за култура, туризам и спорт на Заедницата Мадрид процени дека објектот не ги исполнува условите за одигрување на натпреварот против Расинг Сантандер.

Поради тоа, Рајо ќе го пречека повратникот во Примера на стадионот „Бутарке“, каде што своите натпревари ги игра Леганес. Од клубот жестоко реагираа на одлуката, оценувајќи ја како „срам“.

Рајо тврди дека ја доставил целокупната документација со која се потврдува исполнувањето на безбедносните мерки на „Ваљекас“. Клубот наведува и дека на стадионот била извршена темелна инспекција. Од мадридскиот клуб велат дека сè уште немаат добиено одговор на барањето за укинување на превентивната мерка.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk