Европската куќа на фудбалот, УЕФА се повеќе се ангажира околу пронаоѓањето начин како да се справи со првиот човек на ФИФА, Џани Инфантино, и како да го елиминира едноставно од оваа функција. Неговиот реизбор доаѓа наскоро, а според УЕФА наголемо се заговара да се пронајде сериозен аврторитет, име, кое што ќе биде против кандидат на Инфантино во кампањата за избор на нов прв човек на ФИФА.
Потпретседателката на УЕФА, Лаура Мекалистер, изјави дека европската фудбалска организација останува посветена на пронаоѓање кандидат способен да го победи актуелниот претседател на ФИФА и да поттикне промени во управувањето со светскиот фудбал.
„Не мислам дека ја преценивме штетата нанесена врз неговиот авторитет. Отсекогаш знаевме дека работите нема да се променат преку ноќ. Би било наивно да се очекува поинаку“, изјави Мекалистер за Ројтерс по состанокот на Извршниот комитет на УЕФА во Солун.
Таа додаде дека напротив, воопшто не треба да се размислува еднонасочно и да се тврди дека потенцијалниот кандидат би бил исклучиво од Европа, туку дека ќе се работи на тоа тој да биде капацитет за фунцкијата која што би ја презел.
„Не станува збор за поставување Европеец на чело на ФИФА. Станува збор за програма за промени. Прво треба да дефинираме како изгледа доброто управување во светскиот фудбал“, рече таа.