logo
logo
logo

УЕФА покрена постапка против Црвена звезда поради транспарентите за Ратко Младиќ

Vecer | 29.08.2026

УЕФА покрена постапка против Црвена звезда поради транспарентите за Ратко Младиќ

Белградска Црвена звезда се соочува со нов проблем по елиминацијата од Викторија Плзењ во квалификациите за Лигата на Европа. УЕФА покрена дисциплинска постапка против српскиот шампион поради однесувањето на неговите навивачи на реваншот во Чешка. На трибините беше истакнат транспарент со порака во чест на Ратко Младиќ, а се слушало и скандирање на неговото име.

Европската фудбалска унија случајот го разгледува како можно „расистичко и/или дискриминаторско однесување“, како и истакнување порака несоодветна за спортски настан. Клубот дополнително се товари и за недолично однесување на тимот поради дисциплинските прекршоци на натпреварот, на кој фудбалерите на Ц. Звезда добија седум жолти и еден црвен картон.

Случајот може да резултира со сериозна санкција, особено поради квалификацијата за дискриминаторско однесување. Ц. Звезда веќе има претходно искуство со казна од УЕФА поради сличен случај со Младиќ во 2017 година.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk