logo
logo
logo

Уапсен комесарот за делегирање на судии во шампионатот на Турција

Vecer | 29.09.2026

Уапсен комесарот за делегирање на судии во шампионатот на Турција

Турскиот фудбал го тресе уште еден скандал. Денеска заедно со уште шест други лица е уапсен Ферхат Гундогду, првиот човек на судиската организација на Фудбалската Федерација на Турција.

Тој се сомничи дека сериозно влијаел, заедно со своите соиработници врз делегирањето, рангирањето, оценување на одсудените мечеци, како и промена на веќе делегираните судии и контролори. Се на се, сериозни обвинувања за човек кој што имал сериозна функција во едно од најквалитетните првенства во Европа, каде што на годишно ниво буџетите на екипите секако преминуваат и милијарда евра.

Операцијата беше спроведена истовремено во Истанбул, Анкара, Елазиг и Маниса. Меѓу другите приведени се претседателот на Здружението на вршители на должноста судии на Турската фудбалска федерација, Ферди Карадорук, поранешниот потпретседател на МХК, Ахмет Сахин, и поранешниот член на комитетот, Јунус Јилдирим.

Ова секако се случува една година по големиот скандар во турскиот фудбал, во кој 149 судии беа казнети за обложување на натпревари. Истрагата за 571 професионални судии во тоа време покажа дека 371 имале сметки на платформи за спортско обложување, а 152 активно се обложувале.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk