logo
logo
logo

Тухел има список од 55 фудбалери на кои смета за репрезентацијата на Англија?!

Vecer | 07.03.2025

Тухел има список од 55 фудбалери на кои смета за репрезентацијата на Англија?!

Селекторот на новата Англија, Томас Тухел, наводно, креирал скратен список од 55 играчи кои сака да го повика за својот прв меч на клупата на „Гордиот Албион“.

По поразот на Англија од Шпанија во финалето на ЕП 2024, поранешниот селектор Герет Саутгејт објави дека ќе се повлече од функцијата по осум години на чело. По разгледувањето на неколку опции, поранешниот тренер на Челзи, Тухел, беше назначен за нов менаџер, што доведе до шпекулации кои играчи ќе имаат значајна улога во новиот тим на Англија.

Според угледниот новинар Хенри Винтер, Тухел е уверен во иднината на Англија во подготовката на Светското првенство во 2026 година и веќе одвоил време лично да контактира со сите 55 играчи вклучени во неговиот поширок избор за следната селекција. Но, еден играч кој апсолутно нема да ја претставува Англија на светската сцена, е поранешниот напаѓач на Манчестер Јунајтед, Мејсон Гринвуд. Винтер потврди дека извршниот директор на ФА, Марк Булингем, потврдил дека Гринвуд никогаш повеќе нема да ја претставува Англија.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk