Германскиот првак Баер Леверкузен ги освои бодовите во првиот меч од новото 27. коло во Бундеслигата, победувајќи со 3:1 на домашен терен против екипата на Бохум. За домашните ова е исклучително вреден триумф во трката со Баерн (М) за шампионската титула.
Гостите покажаа дека имаа добар тим и направија доста проблеми за момците на Чаби Алонсо. Домашните отворија со голот на Гарсија во 20. минута, но само шест минути подоцна гостите ја вратија резултатската рамнотежа, откако Паслак погоди за израмнување на 1:1.
Во вториот дел на сцена стапи Бонифејс кој во 60. минута го врати Баер во водство, овој пат од 2:1, а потоа постигна и втор гол, кој судиите го поништија поради офсајд. Сепак потврда на победата стигна во 87. минута, кога Адли погоди за конечни 3:1.