Во Скопје на Кале, вчера се одржа натпревар помеѓу Шкупи и Дино Баскет од Кочани, кој привлекол внимание не само поради спортската конкуренција, туку и поради контроверзната одлука на новинарите да не го покријат настанот. Водејќи се од информираноста која ја добиле навреме, новинарите решиле да го игнорираат овој спортски настан, но причината за тоа останува нејасна.
Според пост на социјалните мрежи од Благојчо Горѓиев причината за тоа е посветувањето на натпреварот од страна на Шкупи на трагично загинатите жители на Кочани. Горѓиев прашува: „Зошто медиумите одлучија да не го покријат овој настан? Затоа што Шкупи го посветува натпреварот на трагично загинатите од Кочани?“
Горѓиев во својот пост ја истакна важноста на емпатијата, соживотот и слогата меѓу луѓето, за што потенцира дека на некои им смета. Според него, „сплотувањето на народот, почитувањето и љубовта помеѓу нас, не се во интерес на политичарите, бидејќи тоа го оневозможува нивното манипулирање“.
„Ние сите споделуваме истата крв, сите се соочуваме со болка и страдање, но наместо да се сплотуваме, понекогаш гледаме како настаните се користат за раздор и поделби“, пишува Горѓиев. Тој смета дека за политичарите е полесно да манипулираат со народот кога луѓето се поделени, кога владее омраза, а не заедништво и почитување
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата