logo
logo
logo

Гвардиола: После ваква сезона, никој нема да добие бонуси, па и да го освоиме светското првенство!

Vecer | 28.03.2025

Гвардиола: После ваква сезона, никој нема да добие бонуси, па и да го освоиме светското првенство!

Фудбалерите и тренерите на Манчестер Сити не треба да добиваат бонуси од учеството на Светското клупско првенство во САД ова лето. Ова го изјави менаџерот на „граѓаните“ Пеп Гвардиола на прес-конференцијата пред натпреварот со Бoрнмут во четвртфиналето на ФА Купот.

Манчестер Сити ја има најслабата сезона во последните години и со 22 бода помалку од лидерот Ливерпул во Премиер лигата останаа надвор од трката за титулата, а беа елиминирани и во минатата рунда од Лигата на шампионите.

„После ваква сезона, не заслужуваме никакви бонуси. И ако го освоиме турнирот, парите ќе одат за клубот“, изјави Гвардиола.

“Ни јас како менаџер, ниту мојот тим или играчите не го заслужуваат ова. Мора да се учи од добрите и лошите моменти. Вакви работи можат да се случат, но мора да можеш да учиш од нив”, коментираше и Шпанецот.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk