logo
logo
logo

Црвена Звезда на пенали стигна до трофејот во Купот на Србија

Vecer | 13.05.2026

Црвена Звезда на пенали стигна до трофејот во Купот на Србија

фото: FK Crvena zvezda (FB)

Фудбалерите на Црвена Звезда ја освоија двојната круна во Србија, откако вечерва славеа против Војводина во финалето на Купот по подобро изведување на пенали.

Фановите на стадионот во Лозница имаа можност да видат одличен натпревар во регуларните 90 минути во кои беа постигнати четири гола. Извонреден старт имаа фудбалерите на Војводина кои брзо го изненадија фаворитот поведувајќи во 2 минута од мечот со голот на Шуц. до крајот на првото полувреме Војводина која одигра одлично, направи предност и од 2:0, откако Видосављевиќ во 35. минута погоди за зголемено водство.

По паузата, „црвено-белите“ се вратија во живот благодарение на голот на Арнаутовиќ во 54. минута но потоа не успеаја да реалзираат ниту една шанса за израмнување. Откако мечот влезе во судиско надополнување, Ц. Звезда притисна со сите сили и со голот на Родриго во 6 минута од надополнувањето се избори за 2:2 и продолженија.

по 120 минути немаше погодоци, по што се мина на изведување пенали. Драмата траеше шест серии во кои Црвена Звезда славеше со 5:4 и успеа да ја освои двојната круна.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk